Достапни линкови

logo-print

Владата на САД ги предупреди корисниците на Ајфон и Ајпед


Американската влада ги предупреди корисниците на Ајфон и Ајпед да бидат претпазливи од хакери кои се обидуваат да ги искористат слабостите на оперативниот систем на Епл. Надлежниот американски центар за безбедност на сајбер просторот и телекомуникациите предупреди дека хакерите користат нова техника која е идентификувана како „Маска напад“. Хакерите, како што се наведува, би можело да крадат шифри и пристап до чувстителни податоци кои се зачувани на уредите на Епл.Нападите можат да се одбегнат само ако корисниците на Ајфон и Ајпед инсталираат апликации од Епсторот на Епл.

XS
SM
MD
LG