Достапни линкови

Еболата се шири во Мали, Либерија без итни мерки


Западноафриканската земја Мали најави дека ќе воведе поостри мерки со цел запирање на ширењето на еболата. Во изминативе денови таму биле забележани неколку случаи на луѓе заразени со вирусот на оваа смртоносна болест. Во Либерија пак вчера беше укината вонредната состојба, воведена во август годинава. Во таа земја од ебола починале над 3 илјади луѓе. Досега од оваа болест во светот починале 5 150 луѓе.

XS
SM
MD
LG