Достапни линкови

Авиони на НАТО пресретнале руски товарен авион над Балтикот


Холандската влада соопшти дека два борбени авиона од типот Ф16 пресретнале руски товарен авион „Иљушин“ откако навлегол во меѓународниот воздушен простор северно од Естонија и Литванија без претходно да најави план на летањето. Холандските авиони се дел од патролата на НАТО која го контролира небото над балтичките држави по избувнувањето на кризата во Украина. По блиската средба рускиот авион се уптаил кон руската енклава Калининград, која се наоѓа меѓу земјите членки на НАТО, Полска и Литванија.

XS
SM
MD
LG