Достапни линкови

За Ердоган ќе се гради резиденција со 250 соби


Додека да биде изградена спорната претседателска резиденција на турскиот претседател во близина на Анкара, ќе се изгради нова со 250 соби, која ќе биде во близина на резиденцијата со сто соби, соопшти анкарската филијала на Здружението на архитекти на Турција.

Резиденцијата каде ќе живее претседателот е планирана да биде со површина од 7.000 метри квадратни, според нашите пресметким изјави претседателката на анкарската филијала на Здружението на архитекти Тезџан Каракуш Џандан. Таа наведе дека претседателската резиденција ќе има 250 соби, џамија со капацитет за 4.000 луѓе и културен центар.

Новата претседателска резиденција се наоѓа на територијата која е заштитена природна зона. Административниот суд во Анкара ја стопира изградбата, но одлуката не беше почитувана.

XS
SM
MD
LG