Достапни линкови

logo-print

ИД објави аудио снимка на Багдади, по гласините дека е убиен


Исламската држава денеска објави аудио снимка, за која тврдат дека е на нивниот водач Абу Бакр ал-Багдади. Ова доаѓа на неколку дена по веста дека Багдади е убиен или повреден во воздушни напади во Ирак. Во снимката објавена денеска, човекот кој тврди дека е Багдади не се осврнува директно на нападот, но спомнува настани кои се случиле од тогаш. Тој вели дека борците на ИД нема да се откажат од борбата, дури и ако остане само еден војник. Во снимката уште се вели дека воената кампања предводена од САД против милитантите на ИД е неуспешна и дека „калифатот“ кој го прогласи Групата, се проширува и во Саудиска Арабија, Јемен, Египет, Либија и Алжир.

Во меѓувреме, американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел, денеска пред Конгресот изјави дека коалицијата предводена од САД постигна напредок во борбата против ИД во Ирак и во Сирија, но Америка мора да се подготви за долга и тешка борба.

XS
SM
MD
LG