Достапни линкови

МРТВ ќе прави анализа за гласањето на Скопскиот фестивал


Македонската радиотелевизија ќе направи анализа за синоќешното гласање на Скопскиот фестивал, додека го чека крајниот резултат и деталниот извештај од МВР за истрагата во врска со случајот со измамата со телефонското гласање.Во соопштение од Јавниот сервис велат дека им овозможиле рамноправно учество на сите изведувачи на Фестивалот. Во него се вели дека ваквите манипулации фрлаат сенка на Фестивалот, со што се нанесува голем удар на македонската забавна и народна музика. Јавниот сервис дополнително ќе ги соошти своите идни постапки во врска со овој случај.

XS
SM
MD
LG