Достапни линкови

ЕП ја ратификуваше спогодбата за асоцијација со Молдавија


Европскиот парламент денеска го ратификуваше политичкиот и трговски договор меѓу Молдавија и Европската унија. За Спогодбата за асоцијација, која Молдавија ја потпиша во јуни гласаа 535 пратеници, а 94 беа против. Русија е против ваквите договори помеѓу ЕУ и поранешните советски републики, но, ЕУ и молдавските власти велат дека на нивното партнерство не треба да се гледа како на провокација за Русија. Претседателот на молдавскиот Парламент, Игор Корман, рече дека овој договор не е против никого, туку договор во корист на граѓаните на Молдавија.

XS
SM
MD
LG