Достапни линкови

Битолчани сами ќе мерат колкаво е загадувањето


Членовите на здружението „За нас се работи“ организираа протести против енормното загадување на воздухот во Битола.

Членовите на здружението „За нас се работи“ организираа протести против енормното загадување на воздухот во Битола.

Граѓаните бараат Општината да постави нови мерни единииц, а ако тоа не се случи, тие се подготвени сами да платат за инструментите. Мерната постапка и хемиската анализа ќе чинат 125 илјади денари.

Ако општината не прифати да го покрие трошокот, тогаш битолчани сами ќе соберат пари за да постават инструменти кои ќе го измерат аерозагадувањето во центрот на Битола. Ова е новата иницијатива на здружението на граѓани „За нас се работи“, кое неодамна организираше протести поради загадениот воздух.

Се однесува на мерење на квалитетот на воздухот во седум дена, а резултатите ќе ги добиеме две недели по завршувањето на мерењето.

Овој пат пронајдоа лиценцирана фирма која ќе постави мерни инструменти на државно или приватно земјиште во центарот на градот и една недела ќе ги мери присуството на ситна прашина во воздухот. Мерната постапка и хемиската анализа ќе чинат 125 илјади денари( околу 2. 000 евра). Од здружението побараа средба со градоначалникот, до која ако не дојде, ќе побараат од приврзаниците финансиска подршка за да се направи испитувањето.

„Се додека не ја донесат новата мерна станица во централното градско подрачје, оваа информација ќе значи многу. Се однесува на мерење на квалитетот на воздухот во седум дена, а резултатите ќе ги добиеме две недели по завршувањето на мерењето. Ќе имаме кратковремени, но точни, прецизни бројки за загадувањето во градот“, изјави Горан Пинза, преставник на здружението.

Доколку не излезе градоначалникот со некакви конкретни мерки во конкретен временски период, ние сме спремни да организираме еден голем протест повторно, сега пред Општина Битола.

Веќе две ипол години не работи мерната станица во центарот на Битола. Податоци за аерозагадувањето дава само станицата на излезот од градот, која покажува енормно присуство на ситна прашина. Од здружението сметаат дека сликата од преиферијата не е иста со центрот каде и сообраќајот е пофреквентен и бројот на домаќинства кои се греат на дрва е поголем.

„Веќе предолго си ја префрлуваме топката во чиј надлежност е проблемот. Доколку не излезе градоначалникот со некакви конкретни мерки во конкретен временски период, ние сме спремни да организираме еден голем протест повторно, сега пред Општина Битола и не планираме да мрднеме од таму се додека не излезат со некакви конкретни решенија околу проблемот“, изјави Иван Јерчиќ од здружението „За нас се работи“.

Од општина Битола велат дека побарале под итно од Управата за животна средина да постави нова или да ја поправи постоечката мерна станица во центраот на градот. Но, нагласуваат дека податоци за загадувањето веќе имаат од преиферијата на градот, па во иднина важно е какви мерки да се преземат за да се подобри состојбата. Од општината одредиле лице кое ќе контактира со задружението.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG