Достапни линкови

Во БиХ уапсени 11 осомничени џихадисти


Босанските власти уапсиле 11 лица осомничени за тероризам, продолжувајќи ја акцијата „Дамаск“. Тие се сомничат дека се борат заедно со милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак или регрутираат борци, како и дека собираат пари за терористички групи. Во септември во рамките на операцијата „Дамаск“ беа уапсени 16 лица, осомничени за тероризам. Меѓу нив и имамот Билал Боснач, неформален лидер на вахабистичка заедница во Босна, кој се уште е во притвор. Во денешната акцијата учествуваа над 100 полициски службеници.

Операцијаат „Дамаск“ е насочена кон откривање докази, што ќе откријат врски на уапсените со граѓани на Босна и Херцеговина, што војуваат во Сирија и Ирак на страната на радикалните терористички организации и групи.

XS
SM
MD
LG