Достапни линкови

„Злосторничко здружување“ на Скопски фестивал


Даниел Кајмакоски, победник на фестивалот.

Даниел Кајмакоски, победник на фестивалот.

Против четири лица ќе биде поднесена кривична пријава за „злосторничко здружување„ и „комјутерска измама“ во врска со вчерашниот избор на песна за Евровизија каде како награди се предвидени вкупно 45.000 евра, средства обезбедени од Министерството за култура. МВР соопшти дека лицата се на возраст од 26 до 56 години, меѓу кои сопственик на една продукциска куќа, автор и композитор на песни, како и сопственик и управител на друштвото кое го организира телефонското гласање.

Утврдено е дека лицата организирано и координирано спроведувале низа активности за да можат во периодот на гласањето да испратат поголем број СМС пораки кои би влијаеле при изборот на првите три места на фестивалот.

Осомничените купувале поголема количина мобилни телефони и СИМ-картички од трите мобилни оператори. Картичките биле заведени на име ТЕСТ или на непостоечки лица со една или две измислени адреси (ул.„Беровска“ и „Партизанска“ ББ).

XS
SM
MD
LG