Достапни линкови

ЛГБТИ заедницата повторно пред Обвинителство


Од протестот пред една недела.

Од протестот пред една недела.

Со „легнати трупови“ пред Јавното обвинителство ЛГБТИ активистите и нивните поддржувачи, втор пат протестираа поради неажурноста нa институциите да ги пронајдат напаѓачите кои го демолираа кафе барот „Дамар“. ЛГБТИ активистите порачаа дека протестите ќе продолжат, се додека инситуциите не се изјаснат.

Директорката на Хелсиншкиот Комитет Уранија Пировска вели дека повторно протестираат пред Обвинителството, затоа што имаат информација дека полицијата поднела извештаи до Обвинителство. Минатиот месец на прославата на годишнината од отворањето на ЛГБТИ центарот, беше демолиран кафе барот „Дамар“, а неколку од присутните беа повредени. По претходниот протест Јавниот обвинител Марко Зврлевски изјави дека не може да се очекува случајот да биде разрешен за еден месец и додаде дека не е запознаен колку напади има врз ЛГБТИ заедницата и кога се случиле.

XS
SM
MD
LG