Достапни линкови

Нема значително подобрување на квалитетот на воздухот


Протест против загадувањето на воздухот во Тетово.

Протест против загадувањето на воздухот во Тетово.

Од 31 октомври, кога престана со работа „Макстил“, а „Југохром“ работи со преполовено производството, има подобрување на квалитетот на воздухот, но не знaчително, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.

Тој посочи дека освен затворањето на капацитетите кои загадуваат ќе се преземат и други мерки за почист воздух. Според него, наскоро ќе излезе стратегија за справување со аерозагадувањето во Скопје, која меѓу другото предвидува мерки за движење на возилата. Долгорочно, според него, најдоброто решение е сите производители и оператори да се усогласат со еколошките дозволи, но и да се подигне свеста кај граѓаните.

XS
SM
MD
LG