Достапни линкови

Одбележување на ослободувањето на Скопје


Во Скопје се одбележува 70-годишнината од ослободувањето на градот. По тој повод делегации на борците, политичките партии, дипломатскиот кор, јавни институции и организации положија цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“. Во Македонскиот народен театар свечено беа доделени наградите „13 Ноември“ на годинашните добитници. Јубилејот се одбележува и со низа други културни настани.

На средбата меѓу градоначалникот Коце Трајановски и претставници на Сојузот на борци, градоначалникот посочи дека Град Скопје планира до март идната година да ги возобнови Споменикот на стреланите и Работилницата за производство на експлозивни направи, која, како што истакна, граѓаните ќе имаат можност да ја посетуваат како музејски објект.

XS
SM
MD
LG