Достапни линкови

Авганистанскиот претседател ќе го посети Пакистан


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани неделава ќе отпатува во прва официјална посета на Пакистан. Од Канцеларијата за надворешни работи денеска соопштија дека Гани ќе ја предводи делегацијата која од 14 до 15 ноември ќе го посети Пакистан. Меѓу двата соседи има напнати односи. Претходникот на Гани, Хамид Карзаи, во неколку наврати го обвини Пакистан дека им помага на Талибанците и на другите милитантни групи кои ги користат племенските региони во Пакистан за да извршуваат напади врз авганистанските сили и силите на НАТО, а Исламабад ги негира обвинувањата. Ова ќе биде трета посета на Гани во странство, од неговото инаугурирање во септември. Претходно тој беше во посета на Саудиска Арабија и на Кина.

XS
SM
MD
LG