Достапни линкови

Кредити за основни животни потреби


Илустрација.

Илустрација.

Според податоците на Народната банка, во септември нефункционалните кредити достигнаа 480 милиони евра.

Примамливи каматни стапки, загарантирани за одреден временски период, нула административни трошоци за одобрување, кредитот ќе ви биде одобрен веднаш и внимавајте, како велат во топ-шоп рекламите, тоа не е сè... Ова се само дел од примамливите понуди на банкарските менија за потрошувачки заеми за граѓаните.

Богами сега со особен напор, ако задоцнам неколку дена камата ќе ми стават и ќе си ја платам и каматата и така, кредитот е за каматите.

Според податоците на Народната банка, во изминатиов период е зголемено нивото на проблематични и нефункционални кредити, односно во август бројот на нефункционалните кредити е зголемен за 12 отсто, додека во септември нефункционалните кредити достигнаа 480 милиони евра. Граѓаните и фирмите на банките им должеле нешто повеќе од 4 милијарди евра. Од нив 3,1 милијарда евра се денарски, а 900 милиони евра се девизни кредити.

Кога ќе дојде ситуација банките да се најпрофитабилни организации, тогаш нешто не е во ред. Само врз основа на каматите, на интересот што го земаат, банките се меѓу најуспешните компании во Македонија.

Граѓаните велат дека често користат потрошувачки заеми од банките за исплаќање на основни животни потреби наместо за луксуз, но додаваат дека земените пари тешко се враќаат.

„Со оглед на тоа што имаме лизинг уште два месеци, па ми е малку кнап.“

„Многу тешко за живот, знаете кај нас платите какви се, борба за опстанок е, тешко.“

„Богами сега со особен напор, ако задоцнам неколку дена камата ќе ми стават и ќе си ја платам и каматата и така, кредитот е за каматите“, велат анкетираните граѓани.

Дел од граѓаните велат дека стравуваат да не паднат во поголема економска бездна, па не ни помислуваат да побараат кредит од банка.

„Јас не би земал кредит да ви кажам. Страшно е и да земеш, нема да ти тргне, па после како ќе го враќаш.“

„Прво се високи каматите, голем рок за отплаќање.“

„Не земам и не мислам да земам“, велат дел од анкетираните.

Според официјалните податоци, минатата година банките одобриле 650 милиони евра за кредити.

Социологот Илија Ацески вели дека граѓаните се задолжуваат, но се срамат да признаат дека имаат долгови, а банките убаво си профитираат.

„Кога ќе дојде ситуација банките да се најпрофитабилни организации, тогаш нешто не е во ред. Само врз основа на каматите, на интересот што го земаат, банките се меѓу најуспешните компании во Македонија“, вели Ацески.

Народната банка минатата година забележала и раст на бројот на кредитни картички кои се во оптек, а со тоа е пораснат и бројот на долгови по основ на картички, така што во 2013 година биле повеќе од 1,5 милиони картички. Секој граѓанин во Македонија во просек и должи на банката околу 800 евра.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG