Достапни линкови

logo-print

Брамерц: Пресуда на Шешељ до крајот на идната година


Воислав Шешељ

Воислав Шешељ

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц синоќа изјави дека пресудата на Воислав Шешељ не може да се очекува пред крајот на 2015 година. Тој додаде дека одлуката за пуштање на Шешељ без никакви услови „не е вообичаена“. Според него, пресудата требало да биде изнесена во октомври минатата година, но оти тогаш еден од судиите бил сменет. Брамерц, исто така, ги отфрли тврдењата на Расим Љајиќ дека Хашкиот суд го пуштил Шешељ со цел тој пресудата да ја дочека на слобода во Србија. „Кога ќе биде донесена одлука, јасно е дека Шешељ ќе биде повикан во Хаг“, рече Брамерц.

XS
SM
MD
LG