Достапни линкови

Украина и ИД, теми на НАТО состанокот во Сплит


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е спонзор на состанокот во Сплит, Хрватска на кој преставници на влади и на воената индустрија ќе разговараат за безбедноста. Овој форум е прва поголема можност, од самитот на Алијансата во Велс во почетокот на септрември, да се разгледаат горливите проблеми во светот како кризата во Украина и заканата од милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак. Вчера, НАТО ја обвини Русија дека испраќа воени конвои во источна Украина како помош на проруските сепаратисти.

XS
SM
MD
LG