Достапни линкови

Руски воени бродови на брегот на Австралија


Џулија Бишоп

Џулија Бишоп

Австралија соопшти дека денеска биле забележани четири руски воени бродови во близина на австралискиот северен брег. Министерката за надворешни работи Џулија Бишоп нагласи дека бродовите биле во меѓународни води, но сепак блиску до брегот на Австралија. До ова доаѓа пред пристигнувањето на рускиот претседател Владимир Путин во Бризбејн на самитот на Г20 што почнува на 15 овој месец. Претходно на собирот во Пекинг австралискиот премиер Тони Абот побара извинување од Путин за соборувањето на малезискиот патнички авион над источна Украина во кој загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои и 37 австралијци.

XS
SM
MD
LG