Достапни линкови

Лавров и Кери за постигнување договор со Иран


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери се заложија за постигнување договор со Иран околу нуклеарната програма на таа земја што е можно побргу. Во телефонскиот разговор, двајцата дипломати, како што соопшти руското министерство за надворешни работи, истакнале дека тоа ќе биде од големо значење за нормализирање на ситуацијата околу контроверзната иранска нуклеарна програма. Претходно од Оман каде што шестте светски сили и Иран водат разговори беше сигнализирано дека е малку веројатно оти е можен договор до поставениот рок, 24 овој месец.

XS
SM
MD
LG