Достапни линкови

Тешко болен кумановец нема документи и не може да се лечи


Нихад Тузлиќ има тешка ментална болест, но иако е роден во Куманово, не може да добие државјанство за да биде сместен во соодветна здравствена установа.

Со тешка ментална болест, без дом, без никој свој и без лични документи кумановецот Нихад Тузлиќ (55) по отпуштањето од болницата во Демир Хисар живее од милостина на соседите, кои пак сметаат дека неговото однесување е закана за безбедноста на нивните деца, но и на останатите граѓани.

Одамна е болен, беше женет и кога се разболе, жена му си замина. Беше сместен во Демир Хисар, каде беше до мај и не го примаат веќе. Бевме во Центарот за социјални работи, бевме во полиција и му извадивме извод на родените.

„Одамна е болен, беше женет и кога се разболе, жена му си замина. Беше сместен во Демир Хисар, каде беше до мај и не го примаат веќе. Бевме во Центарот за социјални работи, бевме во полиција и му извадивме извод на родените. Инаку, вика, урла, со камење фрла. Штом бил во Демир Хисар најтешката дијагноза е“, раскажуваат соседите и додаваат дека Нихад често пати е агресивен.

Престојувалиштето на Нихад.

Престојувалиштето на Нихад.

„Кога ќе го фатат болките создава проблеми.“

Нихад е роден во Куманово, меѓутоа соседите не можат да му извадат државјанство за тој трајно да биде сместен во соодветна здравствена установа, каде би бил под медицински надзор и неопходна терапија. И покрај тоа што не се чувствуваат безбедни тие му помагаат.

Државата си има свои институции, Центар за социјално, тие треба да му помогнат. Тие велат нема документи, а тој тука се родил и тука во војска бил.

„Со облека и со храна секој ден. Греота е. И покривки му дадовме. Нема никакви пари, ниту за цигари нема, кој ќе му даде. Државата си има свои институции, Центар за социјално, тие треба да му помогнат. Тие велат нема документи, а тој тука се родил и тука во војска бил.“

Соседите велат дека живеат со страв.

„Со страв живееме од него. Не знаеме кога ќе го фати болеста, ќе фати дете, ќе го повреди.“

„Многу е агресивен. Ќерка ми доаѓа доцна, се плашам, морам да ја чекам, оти младите излегуваат навечер. Тој се шета цел ден, а навечер е пред наша врата. Молиме да ни помогнат “, се жалат соседите Серемет Даут, Муса Џафери и Ајрие Даут и раскажуваат дека нивниот сосед Нихад има брат со иста дијагноза кој живее во Германија, дека неговите родители имале и државјанство и пасош и не им е јасно зошто нивниот сосед не може да добие лични исправи, освен извод на родените.

„Тој мора да се тргне од тука, нека си најде начин државата“, вели Ајрие која била по сите надлежни институции во Куманово и во Скопје, од каде добивала одговор дека не можат ништо да преземат.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG