Достапни линкови

„Филе“ слета на комета


Европската вселенска агенција соопшти дека модуларно возило за прв пат слета на комета. Вселенското летало „Филе“ кое е со големина на машина за перење и тежи само 100 килограми, неколку часа по одвојување од „Розета“, слета на комета. Од Агенцијата, која се наоѓа во Германија, соопштија дека добиле сигнали од „Филе“, откако слетало на кометата.
Беспилотното летало „Розета“ патуваше 6,5 милијарди километри за повеќе од 10 години да и пријде на комета 67P. „Филе“ откако слета на кометата треба да собира податоци како кометата патува кон сонцето.

XS
SM
MD
LG