Достапни линкови

logo-print

Субрата Рој, стриропор фасади и порочни млади


Пожар во зградата на владата на РМ

Пожар во зградата на владата на РМ

Текстовите - Ќе има ли одговорност за утката на Субрата Рој?, Власта ќе ги подучува младите за штетите од пороците и Нешто е труло во Скопје 2014 привлекоа најмногу коментари на нашата Фејсбук страна.

Ќе има ли одговорност за утката со Субрата Рој? Ние прашавме, а токму најголем дел од следбеници на нашата Фејсбук страна постираа свои одговори откако се изјаловија плановите за инвестиции од контроверзниот индиски бизнисмен Рој, кој до пред неколку месеци беше пречекуван од државниот врв со сите почести. Ниту ќе има одговорност, ниту ќе влијае на владиниот рејтинг, коментираa аналитичарите, како поранешниот министер за финансии во владата на СДСМ, Никола Поповски.

Тие пари некој си ги ставил во џеб и тоа не се негови пари, туку наши од буџетот за некој да ги лапне тивко полека. Ееее мафијо.

„Морална одговорност мора да постои, инаку како би функционирал системот на демократија без морална одговорност. Второ, би морало да постои политичка одговорност, тие што се на власт, што влечат политички потези, што носат политички одлуки, доколку тие се неуспешни, треба да сносат последици“.

На што се надоврза Насер Хоџа, кој на фејсбук прашува, „Каква утка, па нели е активирана банкарската гаранција до 3 милиони евра. На што Ванчо Дорналиев одговара дека тие пари некој си ги ставил во џеб и тоа не се негови пари, туку наши од буџетот за некој, како што ќе се изрази тој, да ги лапне тивко полека. За на крајот само да заклучи со зборовите „Ееее мафијо“.

Полицијата првин треба да советува дека во заедничка спрега не треба да работат дилер и полицаец и самата министерка добро знае како се движи дрогата. Ако полицијата е исправна тогаш тешка работа дека некој ќе продаде дрога.

Кадри Муратовски исто така ќе напише дека се работи за мафија, бидeјќи Субрата бил само фигура во целата игра, инаку кој будала би се сомелил да инвестира во оваа никаква држава. Горанче Лазарвески пак порaчува дека кога имало одговорност за било што во државата откако се овие на власт. За Менде Кело да нагласи дека договорите на оваа власт се како тоалетна хартија. За после дискусијата на фејсбук да се развие колку инвестиции донела СДСМ кога била на власт.

Докажано најдобра топлотна изолација за објекти е стиропор фасада. И уште тој стиропор ако е и украсен уште поубаво.

На коментари наиде и текстот дека власта ќе ги подучува младите за штетите од пороците преку едукативни предавања во сите средни училишта во Скопје. На едно од предавањата во средното училиште Јоспи Броз Тито присуствуваше и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. На што Петар Јончевски во својот кометар на фејсбук ќе порача дека полицијата првин треба да советува дека во заедничка спрега не треба да работат дилер и полицаец и самата министерка добро знае како се движи дрогата. Ако, според него, полицијата е исправна тогаш тешка работа дека некој ќе продаде дрога. Хари Стојановски пак нуди решение за проблемот. Да се вработат полицајците во училиштата па да си фатат од прво одделение по Кембриџ.

На текстот со наслов - Нешто е труло во Скопје 2014 на кој експерите коментираа дека се гради на „ура“, без да се води сметка за квалитетот и дека е важна е само сликата, па затоа не се за изненадување пожарите, поплавите, напукнатите споменици се надоврзаа и фејсбук фановите.

„Стиропорот не е решение за објекти, особено за капитални објекти од витално значење за оваа држава. Единствена цел на стиропорот е да се добие она смешно обликување, а да може тоа да се направи се брзо. Значи тука квалитетот на градење, тука е битно сликата што ќе се добие за да изгледаат проектите така како што изгледаат“, изјави Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, претседателка на Асоцијацијата на архитекти, на што Димитар Трајковски ќе напише дека докажано најдобра топлотна изолација за објекти е стиропор фасада. И уште тој стиропор ако е и украсен уште поубаво. Е за жал некој плука по сè и сешто само затоа што е против некоја партија. И се додека е така ќе си седат во опозиција. Ванчо Враничковски Коде исто така смета дека владата е трула, а Маријан Котевски ќе каже дека објектите се кич, а Томислав Методи ќе се надворзе дека се што се случува со проектот Скопје 2014 е брука.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG