Достапни линкови

Итен состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина


Советот за безбедност на ОН денеска во 20:30 часот ќе одржи итен состанок за Украина, по извештаите дека руски воени конвои навлегле во источна Украина.

Дипломатите велат дека состанокот го побарале од САД, откако НАТО соопшти дека колони руски тенкови, артилерија и борбени трупи влегле во источна Украина во изминатите два дена.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана изјави дека „нема докази“ за таквите тврдења на НАТО.

Во меѓувреме, извештаите велат дека има гранатирање во Доњецк и покрај договорот за прекин на огнот.

XS
SM
MD
LG