Достапни линкови

Телефонски разговор Кери-Лавров за Украина и Иран


Рускиот министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери разговараа за кризата во Украина и се заложија за решавање за проблемот со иранската нуклерана програма за време на телефонски разговор, соопштија руските власти. Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека Кери денеска го побарал телефонски Лавров. Рускиот министер рекол дека е потребен директен дијалог меѓу Киев и Доњецк и Луганск за изборите што се одржа таму. Сепаратистичките региони одржаа избори на 2 ноември. Украина и Западот ги прогласија за нелегитимни и за прекршување на мировниот договор од 5 септември. Министерството соопшти дека Кери и Лавров зборувале и за потребата од брзо постигнување договор со Иран за неговата нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG