Достапни линкови

logo-print

Азербејџан собори „ерменски“ воен хеликоптер


Азербејџанските воени власти соопштија дека собориле борбен хеликоптер во близина на отцепената територија Нагорно-Карабах, која е контролирана од етнички Ерменци. Во соопштението од азербејџанското Министерство за одбрана се наведува дека било пукано од воениот хеликоптер на ерменската армија кон нивните војници, по што азербејџанските војници возвратиле на огнот и го собориле хеликоптерот.
Министерството за одбрана не соопшти дали има жртви. Руската новинска агенција Интерфакс цитираше власти од самопрогласената област Нагорно-Карабах, кои потврдуваат дека е соборен еден од нивните хеликоптери и дека тројца луѓе загинале. Според нив хеликоптерот бил во рутинска мисија за обука и не претставувал закана за азербејџанските војници.

XS
SM
MD
LG