Достапни линкови

Молдавија го продолжи договорот со Гаспром


Молдавија го продолжи за уште една година договорот со Гаспром за снабдување со гас. Молдавија ќе му плаќа на Гаспром 331,80 долари за 1.000 кубни метри гас следната година. Договорот е потпишан денеска во Кишињев. Претходниот договор беше потпишан во 2006 година и истече во 2011 година, но во неколку наврати беше продолжен. Молдавија, една од најсиромашните поранешни советски републики бара извори на енергија во Европа за да се намали нејзината зависност од Гаспром. Земјата гради гасоводот за увоз на гас од Романија.

XS
SM
MD
LG