Достапни линкови

logo-print

Шешељ се врати во Белград


Пречек на Шешељ на аеродромот Никола Тесла во Белград.

Пречек на Шешељ на аеродромот Никола Тесла во Белград.

Поранешниот српски ултранационалистички лидер Воислав Шешељ се врати во Белград, откако Хашкиот суд за воени злосторства нареди негово условно ослободување од притвор поради здравствени причини. Стотици поддржувачи го пречекаа 60-годишниот Шешељ на аеродромот во Белград каде што пристигна со редовна авионска линија од Амстердам. Судот во Хад го ослободи Шешељ и му дозволи да побара медицински третман во Србија. Нему му е забрането да влијае врз жртвите или сведоците во процесот против него и мора да се врати во Трибуналот кога тоа ќе биде побарано од него. Српските доктори кои неодамна го посетија Шешељ во Хаг соопштија дека тој боледува од рак на дебелото црево кој се проширил и на црниот дроб. Тој беше во притвор во Хаг од 2003 година и ја чека пресудата од долготрајниот процес против него. Шешељ е обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војните во поранешна Југославија во 90-тите години од минатиот век.

XS
SM
MD
LG