Достапни линкови

Најголемото основно училиште во Охрид остана без струја


Илустрација - Ученици во Охрид.

Илустрација - Ученици во Охрид.

Поради долгови кон ЕВН, основното училиште Григор Прличев и спортскиот центар Билјанини извори остана без струја. Настава ќе има со скратени часови.

Најголемото основно училиште во Охрид, Григор Прличев и Спортскиот центар Билјанини извори поради долг кон ЕВН Македонија, останаа без струја. Поради ова под знак прашање се доведува нормалното одвивање на образовниот процес, додека во спортската сала ќе биде невозможно да се реализираат тренините на неколкуте спортски екипи од градот. Дел од нив најавија дека планираат истите да ги одржуваат во новата сала во селото Велгошти.

Настава ќе има со скратени часови, бидејки потоа истите ќе треба да ги. До крајот на неделата така е. Проблемот се решава веќе подолго време. Имаме повеќе начини, пробавме да функционираме со финансиска рамка, но судот во Битола не одби.

Во Григор Прличев учат повеќе од 1.100 ученици, греењето е на нафта, но целиот систем работи на струја. Директорката Силвија Мојсовска вели дека решение на проблемот мора да се најде најбрзо што може. Инаку ова училиште се соочува со блокирана жиро сметка во висина од 8 милиони денари.

„Настава ќе има со скратени часови, бидејки потоа истите ќе треба да ги. До крајот на неделата така е. Проблемот се решава веќе подолго време. Имаме повеќе начини, пробавме да функционираме со финансиска рамка, но судот во Битола не одби. Во јуни пак пробавме, но пак не одбија за да можеме да функционираме нормално. Јас испратив писмо до ЕВН уште во петокот да издржат уште 20 дена, бидејки општината беше во преговори со сопствениците на земјиштето да ни дадат рок од еден месец барем сметките да ги исплатиме“, рече Мојсоска.

Спортскиот центар Билјанини извори во Охрид.

Спортскиот центар Билјанини извори во Охрид.

Училиштето нема од што да го плати долгот и затоа општината работи на негово решевање, вели Мојсовска. Според неа блокираната сметка е поради експропријација на земјиштето каде се наоѓа училиштето, а кое се враќа на приватен сопственик уште од 2012 година. Таа се надева дека деновиве нешто ќе се направи и најбрзо што може училиштето да добие струја.

Во осум години на владеење на претходната локална власт струја не беше исклучена никаде и ниту еднаш. И до кога на сегашната власт некој друг ќе и биде виновен за нестручноста да се изменаџираат проблемите на граѓаните еве веќе 20 месеци.

„Некаде околу 130. 000 евра, а со камати можеби и повеќе е направено. Судското решение е за спорот кој го имаат добиено во април 2012 година. Тогаш бил претходниот градоначалник и претходната директорка. Не се во прашање парите за струјата, но сè што ние имаме ни го зема извршителот“, рече Мојсоска.

Томислав Тунтев претседател на СДСМ Охрид, вели дека власта треба веднаш да реагира и најсериозно да ги сфати овие проблеми за истите да бидат надминати во интерес на децата и спортистите.

„Со ова само се потврдува она што СДСМ од Охрид го тврди последните шест месеци, дека финансиската состојба на охридските училишта никогаш не била полоша. Во осум години на владеење на претходната локална власт струја не беше исклучена никаде и ниту еднаш. И до кога на сегашната власт некој друг ќе и биде виновен за нестручноста да се изменаџираат проблемите на граѓаните еве веќе 20 месеци“, рече Тунтев.

И пред неколку месеци сортската сала и Јавното претпријатие Билјанини извори останаа без струја, но тогаш прекинот траеше само неколку дена. Беше постигнат договор за плаќање на долгот на рати. Тие кон ЕВН имаат долг од 8 милиони денари.

Од локалната самоуправа на неколку пати до сега изјавуваа дека претходната локална гарнитура во Охрид, јавните претпријатија и училиштата ги оставила во длабоки долгови и лоша состојба.

XS
SM
MD
LG