Достапни линкови

logo-print

НАТО - руска воена опрема и војници влегуваат во Украина


Командантот на НАТО, генерал Филип Бридлов изјави дека Алијансата забележала колони од руска воена опрема како влегуваат во источна Украина изминатите два дена. Зборувајќи денеска во Софија, генерал Бридлов рече дека влегле тенкови, артилерија, системи за воздушна одбрана и вооружани трупи. И од Мисијата на ОБСЕ во Украина вчера рекоа дека 43 необележани воени камиони и друга воена опрема влегле на територијата на Доњецк која е во рацете на бунтовниците.

XS
SM
MD
LG