Достапни линкови

Во Турција има 1,62 милиони сириски бегалци


Бројот на сириски бегалци во Турција достигнал 1,62 милиони лица, се наведува во извештај на турската парламентарна комисија за човекови права. Според извештајот 224 илјади Сиријци се наоѓаат во бегалски кампови во Турција. Околу 190 илјади бегалци пристигнаа во Турција во септември и октомври од сирискиот курдски град Кобани. А досега 325 илјади Сиријци се вратиле дома од Турција. Од почетокот на кризата во Сирија, турската држава потрошила 4,5 милијарди долари за укажување помош на сириските бегалци.

XS
SM
MD
LG