Достапни линкови

logo-print

Во бомбашки напади во Ирак загинале 15 луѓе


Најмалку 15 луѓе загинале, а десетици се повредени во бомбашки напади во и околу ирачкиот главен град Багдад. Меѓу загинатите има и неколку полицајци. Најкрвавиот напад се случил во област јужно од Багдад, каде автомобил-бомба удрил во армиски контролен пункт, при што загинаале најмалку 10 луѓе, а повеќе од 20 се ранети. Потоа бомбаш-самоубиец нападнал полициска станица во близина на првиот напад, при што загинале четири луѓе, а 10 се повредени.

Во ескплозија на автомобил бомба во областа Мансур, загинале пет цивили, а 12 се повредени. Во нападите загинале најмалку шест полицајци.

Во Ирак безбедносните сили се борат со милитантите на Исламска држава, кои контролираат делови од земјата.

XS
SM
MD
LG