Достапни линкови

Во Доњецк се слушнале повеќе експлозии


Во Доњецк се слушнале повеќе ескплозии, велат извештаите од источна Украiна. Од АФП соопштуваат дека имало гранатирања и тоа од местата кои се во рацета на бунтовниците кон позициите на владините сили кои го држат аеродромот во Доњецк. Иако двете страни потпишаа договор за прекина на огнот на 5 септември, нарушувања има речиси секојдневно. Киев и проруските сепаратисти меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот , а Украина ја обвинува Русија дека им помага на бунтовниците. Вчера од Мисијата на ОБСЕ во Украина соопштија дека постои ризик од ескалација на насилството во источна Украина.

XS
SM
MD
LG