Достапни линкови

logo-print

Фудбалерите со оптимизам пред мечот со Словачка


Избраниците на селекторот Бошко Ѓуровски се убедени дека токму од нив ќе зависи епилогот на натпреварот против Словачка в сабота во Скопје.

Словачка е силна репрезентација со квалитетни поединци. Но, и тие имаат слаби страни, а ние сме подготвени да направиме подвиг и да ги освоиме посакуваните бодови. Со ваква мисла македонските фудбалски репрезентативци го очекуваат саботниот дуел со Словачка, во квалификациите за ЕП во Франција во 2016 година.

Играме дома, пред наша публика и, иако се тие фаворити, сè ќе зависи од нас. Во натпреварот влегуваме со голема самодоверба и доколку одиграме како на претходниот дуел со Украина, мислам дека не треба да се плашиме за конечниот резултат.

Противникот е лидер во нашата група со максимални 9 бодови (по победите над Украина, европскиот првак Шпанија и Белорусија), а во своите редови ги има и докажаните на врвната фудбалска сцена, Хамшик, Шкртел, Вајс, што дополнето со фактот дека ние сме четврти на табелата со само 3 бода, нè прави аутсајдер на хартија. Тоа, сепак, не влијае негативно на избраниците на селекторот Бошко Ѓуровски. Тие се убедени дека токму од нив ќе зависи епилогот на пресметката во Арената „Филип Втори“ во Скопје, а Бесарт Абдурахими порачува:

„Словачка има максимален ефект и сигурно заслужуваат респект. Но, ние не треба да се оптоваруваме со нив. Играме дома, пред наша публика и, иако се тие фаворити, сè ќе зависи од нас. Во натпреварот влегуваме со голема самодоверба и доколку одиграме како на претходниот дуел со Украина, мислам дека не треба да се плашиме за конечниот резултат“, изјави Абдурахими.

Ние покажавме на мечот против Украина дека можеме со секој противник да се надигруваме, дека можеме да се носиме со големи селекции. Можеме и со Словачка.

Оптимизмот е присутен и кај другите репрезентативци, чија самодоверба не ја намалува ниту непријатната традиција во досегашните шест меѓусебни дуели, во кои немаме извојувано ниту една победа, а доживеавме четири порази. Тоа ни е дополнителен минус, но, според напаѓачот Јован Костовски, и мотив плус за изненадување на реномираниот противник.

„Пред сè тоа би било мотив за таа традиција да се разбие и да почнеме некоја нова историја. Ние покажавме на мечот против Украина дека можеме со секој противник да се надигруваме, дека можеме да се носиме со големи селекции. Можеме и со Словачка, се разбира со помош на нашите навивачи, да ни дадат мотив плус за да извлечеме позитивен резултат“, рече Костовски.

Иако не се сите убедени дека ќе ја прекинеме победничката серија на Словаците, на позитивен епилог се надева и поголемиот дел од домашните љубители на спортот.

„Најмалку нерешено, ама малку и тешко затоа што составот малку е изменет и ќе има проблеми. Нерешено е супер.“

„Па, мислам пораз. Мислам дека нивото е многу поразлично од нивното.“

„Треба да победат нашите.“
„3-0. За нас секако.“

„Ќе изгубиме. Не да немаат сила, квалитет, туку немаат добри подготовки како што гледам. Затоа и со право очекувам за жал да изгубиме, а повеќе од сè би сакал да победиме.“

„Ибраими не игра, а тој ни е главен играч. Мислам дека немаме сили за победа“, изјавија анкетираните граѓани.

Инаку, по три одиграни кола во нашата група, зад Словачка се наоѓаат Шпанија и Украина. Тие имаат по 6 бодови, по три повеќе од Македонија, додека на делба на петтата позиција со по само еден освоен бод се селекциите на Белорусија и на Луксембург.

XS
SM
MD
LG