Достапни линкови

Нова рунда разговори за името во Њујорк


Посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, во Њујорк одвоено се сретна со македонскиот претставник амбасадорот Васко Наумовски и со грчкиот дипломат Адамантиос Василакис. За денеска е закажана нивна заедничка средба. Целта на средбите, според најавата од прес службата на ОН, е да се продолжат напорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името.

XS
SM
MD
LG