Достапни линкови

Русија воздржана за продолжувањето на Еуфор во БиХ


Рускиот амбасадор во Светската организација Виталиј Чуркин

Рускиот амбасадор во Светската организација Виталиј Чуркин

Советот за безбедност на Обединетите нации им го продолжи за уште една година мандатот на мировните сили на Европската унија во Босна и Херцеговина. За продолжувањето гласаа 14 земји. Русија беше воздржана. Рускиот амбасадор во Светската организација Виталиј Чуркин изјави дека бил воздржан затоа што не биле земени предвид неговите забелешки на текстот на резолуцијата во која се поддржува интеграцијата на Босна и Херцеговина во евроатлантските структури. Тој додаде дека граѓаните на таа земја не би требало да се туркаат во насока на Европската унија. Аналитичарите сметаат дека ова е рефлексија на тензиите меѓу Русија и Западот, главно поради украинската криза.

XS
SM
MD
LG