Достапни линкови

logo-print

САД и Кина со нови цели против климатските промени


Американскиот претседател Барак Обама и кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг објавија нови измени на целите за справување со климатските промени. Обама изјави дека емисијата на штетни гасови до 2025 година треба да биде намалена за 28, а не ако што беше предвидено за 26 насто во споредба со нивото од 2005 година. Џинпинг пак вети дека Кина ќе го намалува користењето на фосилните горива. Обама додаде дека Кина и Соединетите држави имаат значајни разлики, но оти бил охрабрен од подготвеноста на кинескиот претседател на конструктивен пристап во решавањето на тие разлики. Американскиот претседателденеска заминува за Мјанмар.

XS
SM
MD
LG