Достапни линкови

Времето денеска: облачно и врнежливо


Во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 13 до 17 степени. Во Скопје, претежно облачно со слаба магла. Во вечерните часови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

XS
SM
MD
LG