Достапни линкови

logo-print

Вработените во ЕМО си ги бараат десетиците заостанати плати


Вработените во некогашниот гигант од Охрид одржаа протест. Велат дека плата не зеле со месеци, некои и со години. Не веруваат ниту во ветувањата на власта за рестартација на фабриката.

Само ветувања дека нашиот проблем ќе биде решен, но од тоа за сега нема ништо. Остануваме без плати и придонеси за пензиско и здравствено осигурување, велат вработени во некогашниот индустриски гигант во Охрид, фабриката ЕМО, кои на мирен протест побараа решавање на нивното прашање, а на средба со локалните власти во Охридда се заложат за решавање на нивниот статус.

За ДООЕЛ производство за оваа година е исплатена само една плата, и еден аванс, а 10 месеци веќе се поминати. За ДООЕЛ Монт вработени последна плата која ја имаат примено е за месец јули 2013 години, а да не зборувам за АД каде има повеќе плати, каде се повеќе од 20 плати.

Миле Крстаноски, претседател на сендикатот во ЕМО производство ДООЕЛ, рече дека и покрај неколкуте упатени барања за решавање на проблемите кои ги мачат вработените, до сега не добиле позитивни резулати.

„Постојат од едно семејство и по повеќе вработени и секое семејство чека егзистенција од она што ќе го сработат во ЕМО. За ДООЕЛ производство за оваа година е исплатена само една плата, и еден аванс, а 10 месеци веќе се поминати. За ДООЕЛ Монт вработени последна плата која ја имаат примено е за месец јули 2013 години, а да не зборувам за АД каде има повеќе плати, каде се повеќе од 20 плати“, рече Крстаноски.

Премиерот Груевски неодамна од Охрид најави дека комплетно целата фабрика ќе биде рестартирана и оти за тоа имало интерес од странски компании, но Крстаноски прашува што дотогаш.

„Кога премиерот Никола Груевски беше присутен на пуштањето на патот за селото Лакочереј, даде изјава дека ЕМО ќе се рестартира. Но јас конкретно реков тоа се приказни за деца. Можеби постојат нивни сознанија, но што дотогаш додека се реализира таа најава. Овој народ, овие вработени и гласачи на Охрид дали треба да ги пуштиме да изумираат во 21 век, дали вработените во ЕМО ќе бидат робови на 21 век“, рече Миле Крстаноски, претседател на сендикатот во ЕМО производство ДООЕЛ.

Можам одговорно да речам дека од дел од институциите се оглушуваат, а има дел кои одговарат, меѓутоа не директно на она што како прашање го поставуваме, туку во заобиколена форма, а конкретни преземања очигледно нема, бидејќи ситуацијата е ваква каква што е.

Овие луѓе велат дека на некои од нив ЕМО им должи дури 27 плати, а не им биле платени ниту придонесите за пензиско и здравствено осигурување.

„Немаме замено 27 плати од 2012 година па наваму, а на работа редовно одиме. Нема плати, нема придонеси, нема ништо.“

РСЕ: Власта најавува дека ќе го рестартира ЕМО?

„Тие можеби најавуваат, но ете пропадна сè“, рече Љупчо Ѓеорѓиевски вработен во ЕМО.

„Ситуцијата во ЕМО во моментот е многу тешка бидејки нема плата и здравствени картони. Пензиското осигурување не е платено, а нема ниту никакви услови за работа. Последната плата што ја имам земено е за февруари месец 2014 година, додека за 2013 година ни должат уште многу плати“, рече Марјан Глигороски вработен во ЕМО.

Пеце Ристевски претседател на Синдикат за индустрија, енергетика и рударство вели дека многу пати досега ги изнеле своите ставови пред институциите.

„Можам одговорно да речам дека од дел од институциите се оглушуваат, а има дел кои одговарат, меѓутоа не директно на она што како прашање го поставуваме, туку во заобиколена форма, а конкретни преземања очигледно нема, бидејќи ситуацијата е ваква каква што е. Писмено и лично јас сум во контакт со одредени министерства, УЈП, министерот за економија, но сè се ветувања. Конкретно, штом е ваква состојбата нема позитивно поместување на добро“, вели Ристевски.

Од локалната власт ги информирале дека тие немаат никакви ингеренции за ЕМО, но оти се заинтересирани за решавање на ова прашање.

XS
SM
MD
LG