Достапни линкови

ЕУ нема да ги намали санкциите кон Русија


Новиот еврокомесар за добрососедство и преговори за проширување Јоханес Хан изјави дека е „кристално јасно“ оти нема да има намалување на санкциите на Европската унија кон Русија. Тој вели дека ЕУ почнала да дискутира
дали е време да се олеснат санкциите по потпишувањето на мировнито договор на 5 септември во Минск, нопоследните случувања во источна Украина ги принудиле да ги преиспитаат дискусиите.Хан навести дека е можно да има притисок во ЕУ за дополнителни санкции.

Комесарот исто така, рече дека има намера да ја посети Украина пред Божиќ.

Тој рече дека донаторска конференција за Украина којаЕУ планираше да се одржи оваа година, ќе се одржи во 2015 во очекување на јасна стратегија за тоа каде треба да бидат насочени инвестициите.

XS
SM
MD
LG