Достапни линкови

logo-print

Попоски во Брисел - ЕУ да преземе одговорност


Земјите-членки на ЕУ да преземат одговорноста во однос на почетокот на преговорите за членство на Македонија во Унијата, бидејќи земјата веќе шест години добива препорака, а преговорите никако да отпочнат. Ова е пораката што министерот за надворешни работи Никола Попоски, им ја испрати на своите соговорници, пратеници во Европскиот парламент, со кои денеска се сретна во Брисел. Министерот е во дводневната работна посета на Брисел. Утре ќе учествува на дебата „ЕУ, Западниот Балкан и регионалната стабилност” во организација на германската фондација „Ханс Зејдел Штифтунг”, а потоа ќе се сретне и со новиот еврокомесар за преговори за проширување, Јоханес Хан.

XS
SM
MD
LG