Достапни линкови

Власта ќе ги подучува младите за штетата од пороците


Министерката Гордана Јанкулоска на предавање за влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанции кај младите.
Министерката Гордана Јанкулоска на предавање за влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанции кај младите.

Во кампањата се вклучени 44 здравствени работници и е во план годинава да се посетат 1.016 паралелки од прва до четврта година со цел здрава иднина за младите.

Преку едукативни предавања во сите средни училишта во Скопје власта ќе ги подучува младите за штетата од пороците. Мотото на кампањата е „Одбери здрав живот и кажи не на дрогата, алхохолот и цигарите“. Младинските организации ја поздравуваат кампањата, но велат дека се потребни дополнителни активности за подигнување на свеста.

Овие предавања, овие превентивни и едукативни активности ги цениме како исклучително корисни, затоа што се наменети за популација која е во развој, лица кои во оваа возраст го формираат својот карактер и за кои е посебно значајно да ги чујат сите фактори на ризик.
Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по предавањето во гимназијата Јосип Броз Тито, изјави дека темата на која разговарале со учениците била влијанието на употребата на алхохолот во собраќајот. Според неа, не се посветило внимание само на алхохолот како ризик по собраќајот, туку и како ризик по здравјето на младите.

„Овие предавања, овие превентивни и едукативни активности ги цениме како исклучително корисни, затоа што се наменети за популација која е во развој, лица кои во оваа возраст го формираат својот карактер и за кои е посебно значајно да ги чујат сите фактори на ризик за кои треба да бидат посебно внимателни во секојдневнито живот“, изјави Јанкулоска.

Кампањата ќе се спроведува во соработка и со Министерството за здравство. Директорот на Здравствен Дом-Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ, вели дека употребата на дрогата, алхохолот и цигарите кај младите може да доведат до промени во однесувањето и во здравствената состојба.

Таргетот и целта на овие превентивни активности е да превенираме со почетокот на употребата, а кај сите оние што почнале да укажеме на последиците коишто можат да ги имаат.
Татјана Баевска Вучковиќ, директорка на Здравствен Дом-Скопје.

„Таргетот и целта на овие превентивни активности е да превенираме со почетокот на употребата, а кај сите оние што почнале да укажеме на последиците коишто можат да ги имаат, бидејќи оваа возраст е возраст која е одбележана со експериментирање, самодокажување поистоветување со дел од околината.“

Зоран Илиески од Коалицијата на младински невладини организации „СЕГА“ вели дека спроведувањето на такви кампањи е за поздрав, бидејќи на тој начин се влијае на свеста на младите од пороците кои се околу нив. Од друга страна, според него, има различни методи и приоди кон младите како целта група за да се влијае врз нивната свест, односно друг тип на активности во кои тие директно ќе бидат опфатени.

„Пристапот кон младите за да се влијае на подигнување на нивната свест и заштита од пороците, тоа значи дека треба да следат активности коишто владата ќе ги стимулира граѓанските организации да креираат активнсти со кои директно ќе разговараат со младите, ќе ги едуцираат и на кој било друг начин ќе може да им ги доближат информациите за да оваа кампања има многу поголем ефект.“

Во кампањата се вклучени 44 здравствени работници и е во план годинава да се посетат 1.016 паралелки од прва до четврта година со цел здрава иднина за младите.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG