Достапни линкови

Мароко немa да да биде домаќин на Африканскиот куп 2015


Фудбалери на Нигерија.

Фудбалери на Нигерија.

Мароко е дисквалификуван од учеството на Африканскиот куп на нации 2015 и нема да биде домаќин на настанот, соопшти денеска Конфедерацијата на африканскиот фудбал. Конфедерацијата го одби барањето на Мароко да се одложи Африканскиот куп до 2016 година поради стравувањата од епидемијата од ебола. Од болеста починаа најмалку 5.000 луѓе во Западна Африка. Фудбалската Конфедерација вели дека други земји се подготвени да бидат домаќини на првенството на закажаниот датум, односно од 17 јануари до 9 февруари.
Мароко стравува дека приливот на странски навивачи може да придонесе за ширење на еболата.

XS
SM
MD
LG