Достапни линкови

logo-print

Албанскиот премиер ја заврши дводневната посета на Србија


Албанскиот премиер Еди Рама ја заврши дводневната посета на Србија. Тој денеска го посети Прешево, каде мнозинството од населението се етнички Албанци. Локалните жители ги пречекаа албанскиот лидер со билборди прогласувајќи го Рама за нивен премиер.

Посета на Рама имаше за цел да демонстрира напредок во односите меѓу Белград и Тирана,по годините на раздор околу Косово. За Косово се разговараше и на вчерашната средби меѓу Рама и неговиот домаќин српскиот премиер Александар Вучиќ. Рама побара Србија официјално да ја признае независноста на Косово, а Вучиќ тоа го оцени како провокација. Српскиот претседател Томислав Николиќ преку соопштение најави дека ја откажува планираната средба со Рама.

XS
SM
MD
LG