Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ - состојбата во Украина може да ескалира


Од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) велат дека се зголемува ризикот од ескалација на насилство во конфликт во источна Украина. Од специјалната мисија на ОБСЕ за мониторинг во Украина, денеска на прес конференција во Киев соопштија дека борбите не сопираат иако поминаа два месеци од потпишувањето на договорот за прекин на огнот. Постои загриженост дека про-руските бунтовници се подготвуваат за нова офанзива во источна Украина.

XS
SM
MD
LG