Достапни линкови

Холандски експерти во Украина по остатоци од соборениот авион


Uk

Uk

Холандски експерти пристигнаа во близина на местото на авионската несреќа во која се урна авион на Малезија ерлајнс во источниот дел на Украина. Патничкиот авион беше соборен во јули при што загинаа сите 298 лица во авионот, поголемиот дел државјани на Холандија.

Шефот на тимот вели дека експертите ќе собираат остатоци од авионот. Но извештаите велат дека бунтовниците се уште преговараат за протоколот за собирање на остатоците.

Украина и западните земји ги обвинуваат про-руските сепаратисти за соборување на авионот, а бунтовниците и Москва го негираат тоа. Од Пекинг, пак, рускиот претседател Владимир Путин и австралискиот премиер Тони Абот повикаа на забрзување на истрагата.

XS
SM
MD
LG