Достапни линкови

logo-print

Лукашенко ги нападна министрите чии деца учат во САД


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ги нападна државните службеници чии деца живеат во САД, велејќи дека тие се неефикасни и можеби ќе бидат отпуштени од работа. Лукашнеко вели дека некои од владините министри имаат деца кои постојано живеат во Соединетите драви, студирајќи таму. Тие министри учествуваат во реформирање на нашиот образовен систем, па затоа е сосема јасно што да се очекува од тие реформи, рече Лукашенко, додавајќи дека службениците кои нема да постигнат ефективни резултати ќе го загубат своето работно место. Многу деца на високи функционери од поранешните советски републики вклучувајќи ја Русија и Белорусија живеат или студираат во Европа или во САД и покрај напнататите односи меѓу лидерите на овие земји и Западот.

XS
SM
MD
LG