Достапни линкови

Нови судири во Западниот Брег, убиен еден Палестинец


Палестинец е убиен во судири со израелската армија во Западниот Брег. Таму со денови имам зголемена напнатост меѓу Израел и Палестинците. Палестински медицински извори соопштија дека човекот бил застрелан во близина на јужниот град Хеброн. Вчера пак беа убиени еден изралески војник и една жена во одделни напади со нож во Тел Авив и во Западниот Брег. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини палестинскиот лидер Махмуд Абас и милитантната група Хамас за поттикнување на насилство. Палестинците пак велат дека виновен е Израел, односно плановите за нови населби во Источен Ерусалим и барањето на Евреите да имаат право да се молат во спорна џамија во Ерусалим.

XS
SM
MD
LG