Достапни линкови

Русија ќе гради нуклеарни реактори во Иран


Нуклеарната централа Бушер.

Нуклеарната централа Бушер.

Русија треба да изгради осум нуклеарни реактори во Иран, предвидуваат договорите потпишани денеска во Москва. Потпишувањето на овие договори доаѓа на само неколку денови пред истекот на рокот (24 ноември) во кој треба да се постигне договор за иранската нуклеарна програма, меѓу шестте светски сили и Иран.
Државните нуклеарни компании на Иран и Русија денеска потпишаа договор за изградба на два реактора во централата Бушер, со можно проширување до четири реактори во објектот. Русија и Иран имаат намера да соработуваат за изградба на вкупно осум реактори, четири во Бушер, а четири на други места.

XS
SM
MD
LG