Достапни линкови

САД испрати 50 воени советници во Ирак


Соединетите Американски Држави распоредија 50 неборбени трупи во воената база во ирачката провинција Анбар. Пентагон соопшти дека воените советници ќе бидат стационирана во воздухопловната база Аин ал –Асад, што е најголемата ваква база во Анбар. Провинцијата во голем дел е под контрола на милитантите на Исламската држава. Ова е прва група на војници што е распоредена во Ирак, откако меѓународната коалиција предводена од САД започна со воздушни напади врз милитантите на ИД. Американските сили го напуштија Ирак во 2011, но претседателот Барак Обама минатата недела ги соопшти плановите за двојно зголемување на неборбените сили во Ирак, со што нивната бројка ќе изнесува 3000. Тој рече дека борбата против ИС влегуваат во „нова фаза“.

XS
SM
MD
LG