Достапни линкови

Во Грција спасени 52 имигранти


Архивска фотографија - имигранти во Грција.

Архивска фотографија - имигранти во Грција.

Грчката крајбрежна стража денеска во водите на Егејско Море спаси 52 имигранти, меѓу кои имало и жени и деца, пренесе ДПА. Имигрантите, кои пловеле со гумен чамец, се префрлени во центарот за сместување во градот Волос.

Сите 22 жени и 10 деца биле во добра здравствена состојба. Полицијата не ја соопштува националноста на имигрантите.

XS
SM
MD
LG